Фудбал
25. August 2017 - 11:08

Европскиот првак Вардар на старт од Супер Глоуб против ирански Гашаран

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар денеска го игра првиот натпревар во рамките на „Супер глоуб“ во Доха, неофицијалното светско клупско првенство.
 
„Црвено-црните“ за противник го имаат тимот од Иран, Гашаран.
 
Оваа екипа е непозната за европскиот ракомет, а на турнирот настапува како преставник на Азија.
 
 
- Ќе мора многу да се потрудиме за да победиме, особено што сега сите ќе сакаат триумф над Вардар, кој е европски првак. Добро работевме последните денови сите се здрави и во полн состав го очекуваме ова натпреварување, изјави пред заминувањето за Доха тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
 
Почетокот на дуелот е во 14 часот, а пред овој натпревар ќе играат Барселона и Есперансе од Тунис. Победниците од овие два натпревара утре ќе играат во полуфиналето.
 
Другите две четвртфинали двојки се Берлин (актуелен шампион) - Пинеирос (Бразил) и Ал Сад (Катар) - Сиднеј (Австралија).