Европскиот суд ја ослободи Холандија од одговорност за Сребреница
Европскиот суд за човекови права едногласно ја отфрли како неоснована тужбата на група Бошњаци против Холандија, од која бараа кривична одговорност за масакрот во Сребреница.
Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, одлуката на Судот е конечна,
Тужителите, кои се роднини на лица убиени во масакрот во Сребреница во јули 1995 година, сметаат дека тројца припадници на холандската војска од составот на мировните сили на ОН имаат кривичната одговорност за злосотрството.
Роднините на жртвите ги обвинуваат холандските власти дека одбиваат да спроведат истрага за тројцата војници, кои, според нив, „ги испратиле нивните роднини во сигурна смрт“, наредувајќи им да го напуштат кампот на мировниците на ОН, откако силите на босанските Срби ги зазедоа Сребреница и околината, кои беа прогласени за безбедносната зона на Светската организација.
Судот од Стразбур меѓутоа заклучи дека холандските власти „доволно ги истражувале фактите“ и ги разгледале барањата на тужителите.
Судот смета дека се спроведени бројни и сеопфатни истраги од страна на властитете на национално и меѓународно ниво и дека повеќе нема дилеми во однос на природата и степенот на улогата на тројца војници, па поради тоа неможе да констатира дека истрагата била неефикасна или несоодветна.
Според во Судот во Стразбур, тужбата на роднините на жртвите била „пристрасна, неповрзана, преувеличена или непоткрепена со факти“.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово