Европските клубови и фудбалери покренаа голем случај против ФИФА

Водечките европски лиги и синдикатот на професионални фудбалери Фифпро поднесоа случај против ФИФА во Европската комисија. Според нив, светската фудбалска централа врши „злоупотреба на власта“.
Европските лиги - организација која претставува 39 европски првенства, вклучувајќи ја англиската Премиер лига, италијанската Серија А и Бундеслигата - и 1.130 клубови од 33 земји, како и европскиот дел на Фифпро ја обвинија ФИФА за злоупотреба според европскиот закон за натпреварување во врска со меѓународниот календар. Кон тужбата се приклучи и шпанската Ла Лига, која не е членка на европските лиги.
Причина за протестот на организациите е зголемениот број на натпревари во календарот, а повод е новиот формат на Светското клупско првенство кое следното лето треба да се одржи во САД.
На посебна прес-конференција денеска дадоа повеќе информации. На неа присуствуваа претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас и претставници на другите две организации. На прес-конференцијата беа објавени изјави на некои водечки фудбалери со критики за зголемениот број на натпревари. Меѓу нив се најдоа Родри, кој неодамна заработи многу тешка повреда и нема да игра до крајот на сезоната, како и Килијан Мбапе, Кевин Де Бруин, Алисон и Жил Кунде.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
