Европските компании масовно ја напуштаат Куба поради новите американски санкции

Голем дел од компаниите со седиште во Европската Унија кои имаат деловни активности на Куба забрзано си заминуваат од оваа карипска држава поради новите, поостри санкции од САД што стапија во сила денеска, пренесува бриселскиот портал „Политико“.
Според медиумот, европските фирми кои ќе одлучат да останат на островот се соочуваат со висок ризик од замрзнување на нивниот имот или од целосно исклучување од американскиот финансиски систем. Меѓу најпогодените се големите шпански хотелски групации „Мелиа“ (Melia) и „Иберостар“ (Iberostar), кои веќе ги повлекоа своите брендови и менаџерски тимови од десетици луксузни одморалишта на Куба, наведувајќи ги како причина промените во геополитичкото и во правното опкружување.
Овој егзодус на европскиот капитал е директна последица на пошироката кампања на американскиот претседател Доналд Трамп за соборување на режимот на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел. Мерките посебно ги таргетираат странските компании кои соработуваат со кубанското воено претпријатие ГАЕСА (GAESA), кое контролира околу 40 отсто од домашната економија, вклучувајќи го банкарскиот сектор, малопродажбата и најголемиот дел од туризмот.
Покрај хотелиерството, францускиот гигант за транспорт на стоки „ЦМА ЦГМ“ (CMA CGM) и германскиот „Хапаг-Лојд“ (Hapag-Lloyd), кои покриваат 60 отсто од поморскиот сообраќај кон островот, ги прекинаа своите операции. Под удар се и средните европски претпријатија вклучени во енергетскиот сектор, како и францускиот производител на алкохолни пијалаци „Перно Рикар“ (Pernod Ricard), кој учествува во производството на познатиот рум „Хавана клуб“ (Havana Club).
Кубанскиот туристички сектор, кој генерира над 70 отсто од економскиот импулс на земјата и е главен извор на странска валута, бележи драматичен пад – од 4,7 милиони посетители во 2018 година, на 1,9 милиони лани, со рекордно ниски 30.551 туристички долар евидентирани во април годинава.
Иако ЕУ уште од 1996 година има донесено законски регулативи со кои им забранува на своите компании да ги почитуваат екстратериторијалните санкции на САД, националните власти во Европа засега не реагираат на новиот притисок од Вашингтон, а Европската комисија само повика на „конструктивен дијалог“ меѓу САД и Куба.
Ново на Сител
-

Фајненшл тајмс: Иран размислува за напади врз американски цели во Европа во случај на понатамошна ескалација
-

Извршени 427 увиди на објекти погодени од пожарите во Грција – повеќе од половина несоодветни за употреба
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
