Европските земји очекуваат до утре од ЕМА разјаснување за вакцината на АстраЗенека
– Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави дека европските земји се надеваат дека Европската агенција за лекови (ЕМА) утре ќе достави „неопходно разјаснување“ за да може да се продолжи со употребата на вакцината на АстраЗенека.
Италија е една од земјите кои ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека поради извештаите за појава на крвни згрутчувања кај некои луѓе кои ја примиле оваа вакцина против коронавирусот, иако производителот и меѓународните регулатори наведуваат дека вакцината е безбедна.
Сперанца пред парламентарната Комисија за социјални прашања изрази надеж дека Италија „утре ќе добие одговори од ЕМА, што ќе овозможи продолжување без двоумење на вакцинацијата со АстраЗенека“.
Тој истакна дека италијанската Влада „има најголема доверба во ЕМА“, како и во Италијанската агенција за лекови.
Досега околу 10 отсто од Италијанците примиле најмалку една доза од вакцините против Ковид-19. Сперанца очекува до јуни да пристигнат околу 50 милиони дози вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на Џонсон и Џонсон, а околу 80 милиони дози треба да бидат доставени во периодот меѓу јули и септември.
Ново на Сител
-
Планинарот кој исчезна кај Велес е пронајден починат
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски