-->
-->
Ф-1: Хамилтон со победа ја одбрани титулата
-->
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја одбрани шампионската титула во светското првенство на Формула 1, откако успеа да победи на трката за Големата награда на САД, која се возеше во Остин.
Хамилтон на три трки до крајот на сезоната ја одбрани титулата и се запиша во историјата како прв Британец која ја одбранил титулата. Исто така тој се впиша во одбраното друштво на возачи кои освоиле три титули во своите кариери: Аиртон Сена, Џеки Стјуарт, Џек Бребам, Ники Лауда и Нелсон Пике.
На вечната листа пред овие возачи се наоѓаат уште Алан Прост и Алан Прост со по четит, Хуан Мануел Фанџо со пет и Михаел Шумахер со седум титули.
На патеката во Остин Хамилтон ја забележа 10-та победа во сезоната, вкупно 43-та во кариерата. До триумфот тој стигна пред тимскиот колега Нико Розберг, кој стартуваше од пол позицијата и возачот на Ферари Себастијан Фетел.
Трката во Остин ја одбележаа променливите временски услови, безбедносното возило, кое два пати излегуваше на патеката и големата борба која владееше на патеката. Трката практично беше решена на осум кругови до крајот кога Розберг направи грешка и му дозволи на Хамилтон да избие на челната позиција.
Зад најдобрите тројца низ целта минаа Маркс Ферстапен (Торо Росо), Серхио Перез (Форс Индија), Карлос Саинс (Торо Росо), Џенсон Батон (Мекларен), Пастор Малдонадо (Лотус), Фелипе Наср (Заубер) и Даниле Рикардо (Ред Бул).
Наредната трка, 17-та во шампионатот, ќе се вози на 1.ноември во Мексико.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи