-->
-->
Ф-1: Валтери Ботас победник во Абу Даби
-->
Последната трка од шампионатот во Ф-1 во Абу Даби мина во доминација на Мерцедес кој ги освои првите две места. Валтери Ботас победи пред новиот светски првак Хамилтон додека третото место му припадна на Себастијан Фетел.
Инаку оваа трка беше и последната во кариерата на Фелипе маса. Бразилецот се прости со возењето во Формула 1. Во „најбрзиот циклус на светот" беше цели 16 сезони.
На крајот, во поредокот за светскиот трон, Хамилтон собра 363 бода, додека пак Себастијан Фетел заостана на 317.
Трет во генералниот пласман е токму Ботас со 305 бода, додека четврти е Кими Раиконен со 205, со кои го симна од тоа место Рикијардо кој има пет помалку.
Наредниот шампионат во Формула 1 ќе стартува на 25.март 2018 година, со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
