-->
-->
ФА Куп: Финале за М.Јунајтед
-->

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во финалето на ФА купот, откако го совладаа Евертон со 2:1. Херои на Јунајтед се Антони Марсијал кој постигна гол во 93 минута и голманот Де Хеа, кој му одбрани пенал на Лукаку.
Полуфиналниот меч, во најстарото фудбалско натпреварување во светот, донесе голема борба на теренот, која беше решена во последниот над на Јунајтед.
Екипата од Манчестер имаше целосна контрола врз играта во првото полувреме, која ја круниса со голот на Фелаини во 34.минута.
Веројатно клучниот момент на мечот беше 57.минута, кога Де Хеа му одбрани пенал на Лукаку. Сепак Евртон подобрата игра во второто полувреме ја материјализираше во 75.минута со автоголот на Смолинг.
Конечните 2:1 ги постави Марсијал, по асистенцијата на Андер Ерера, во 93.минута.
Манчестер Јунајтед триумфирал во ФА купот 11 пати, а последен пат тоа го направил пред 12 години.
Противник на Јунајтед, во финалето, ќе му биде Вотфорд или Кристал Палас, кои својот полуфинален меч ќе го одиграат в недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
