Факултетите ќе ги презентираат програмите во скопските средни училишта
Од 15 март до 1 април факултетите ќе имаат можност да ја презентираат својата програма во средните училишта пред матурантите, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
- Можноста што им ја нудиме на средношколците е преку непосредни разговори и контакти да добијат информации и одговори за да го направат својот вистински избор за професионалниот развој, истакна Шилегов.
Според него, досегашните искуства покажале дека голем број матуранти не можат да одлучат во која дејност сакаат да се профилираат, а тоа го имаа досега само преку посета на саемите и медиумските промоции што ги организираат универзитетите и факултетите. Но, тоа, додаде Шилегов, не е доволно да се направи дистинкција меѓу изборот и можностите.
- Дополнителна предност на Отворените денови на училиштата е фактот што учениците ќе пропуштат помалку наставни часови и ќе се овозможи непречено одвивање на наставата, рече Шилегов и додаде дека заложба на Градот е преку Отворените денови да се воспостави пракса на организирана непосредна соработка со универзитетите за прашања кои се во заеднички интерес.
Шилегов потенцира дека тенденција на локалната самоуправа е образовниот систем да продуцира кадри чии професии ќе придонесат за напредок во општеството и уште поголем развој на вредносниот систем во Македонија.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново