Фалсификувал потпис и префрлил имот од 30.000м2 на Косовец, кривична за тетовски нотар

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 62-годишниот З.Ч. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против 52-годишниот Ш.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „давање лажен исказ“, извести МВР.
„Првопријавениот, на 28.10.2022, во својство на нотар, постапил несовесно при вршење на службата на начин што со злоупотреба на личните податоци на лице од Тетово овозможил во нотарската книга во графата за потписи да се потпише друго лице во нејзино име. Додека, второпријавениот злоупотребил лични податоци на оштетената и без нејзина согласност, во соработка со првопријавениот направиле фалсификувано полномошно во негова корист, по што дал лажен исказ и потпишал изјава заверена на нотар со што успеал недвижен имот од околу 30.000 м2 без знаење и согласност на оштетеното лице да го префрли на лице од Косово со спогодба за реализирање со посредник“, соопшти МВР.
Со ваквите дејствија предизвикана е материјална штета на лицето од Тетово од околу 150.000 евра.
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
