-->
-->
Фарсата продолжува, расте листата на допингувани врвни спортисти
-->

Шпанскиот тенисер Рафаeл Надал и британскиот атлетичар Мо Фaрах се наоѓаат на листата спортисти на кои Меѓународната антидопинг агенција (WADA) им дозволила да користат забранети лекови.
Според информациите кои се објавени на страницата на хакерскатат група Fancy Bear, Надал во 2009 година добил дозвола да го користи лекот бета-метазон, а од 2012 година добил дозвола, на секои три дена во дози од 1 mg да го користи лекот кортикотрофин.
Терапијата на Надал траела од 30. јули до 8. август, но тој уште на 19. јули се повлекол од Олимписките игри во Лондон.
Фарах добил дозвола да користи кортикостероид триамсинолон во октомври 2008 и во јули 2014 година. Четирикратниот олимписки шампион на 5.000 и 10.000 метри, во 2015 година кога актуелен беше скандалот со неговиот тренер Алберто Саласар, рекол дека само еднаш користел забранети лекови, но како дел од терапија, ткн. TUE, односно користење забранети лековi со дозвола на WADA.
Руската хакерска група досега има објавено докумети за над 30 спортисти, кои откриваат дека WADA им дозволила да користат забранети лекови.
Меѓу првите имиња кои ги објави хакерската група се оние на сестрите Вилијамс, тенисеркатат Петра Квитова, гимнастичарката Симон Бајлс, велосипедистите Крис Фрум и Бредли Вигинс.
Хакерите тврдат дека TUE е „дозвола за допинг“ и дека WADA е корuмпирана и измамничка организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
