Македонија
12. March 2018 - 11:02

Фатен возачот кој прегази маж од Куклиш и избега

Вчера околу 21:50 часот на регионалниот пат село Куклиш – село Свидовица, непознат возач управувајќи непознато возило удрил во Г.С.(61) од село Куклиш кој починал, по што возачот го напуштил  местото на настанот.

По преземени мерки, околу 23:30 часот во село Ињево, радовишко, од слобода е лишен Д.Г. (26) од истото село поради сомнение дека истиот управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Венто”, сопственост на неговиот татко, го удрил и усмртил Г.С.

Се работи на целосно расчистување на случајот.