Фатени крадците на ѕвоната од манастирот Св.Пантелејмон во Кочанско

Расветлен е случајот со украдените црковни ѕвона од манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј, Кочанско, тешки од по 70 килограми и стари околу 150 години. Полицијата ги фати крадците. Станува збор за три лица од Кочани од кои двајца се малолетни.
Предметите кои што ги украле, искршени во парчиња во два наврати биле однесени во отпад во Кочани и ги продале за цена од околу 8.000 денари, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Ова не е прв настан на кражба во манастири во Кочани. Вакви кражби се случуваат скоро секој месец и со тоа повеќе се прави штета на црковните објекти. Слична ваква кражба последна се случи во манастирот Св. Петка во Кочанки дол кога беше разбиена влезната врата на манастирот и беа украдени предмети од кујната и казаните за готвење храна. Затоа свештениците апелираат да не се сквернават храмовите и да се роди кај луѓето страв од Бога.
Според евиденцијата во манастирската архива, ѕвоната кои што се украдени се стари 150 години и датираат од далечната 1871 година кога всушност е и градена црквата посветена на Свети Пантелејмон.
Ново на Сител
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
