Фатени на дело: Уапсени четворица дилери од Куманово
Четворица дилери паднаа во рацете на полицијата. 29-годишниот И.М. 21-годишниот Д.П. 31-годишниот Т.И. и 19-годишниот Р.М. од Куманово се приведени под сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Најмладиот во криминалната група е осомничен за помагање.
Како што соопштува македонската полиција, на 20-ти овој месец откако И.М. бил во друштво со Д.П. договориле заедно со Р.М. да купат дрога од лице од село Сингелиќ. По ова му се јавиле на Т.И. да се сретнат за да ги превезе до Скопје во населбата Ченто. Откако стигнале на паркинг плацот на маркет во Скопје, пристигнало зесега непознато лице со возило, со кого И.М. и Р.М. се состанале и по краток договор, непознатото лице и Р.М. заминале со патничко моторно возило, додека Т.И. и Д.П останале да чекаат на паркингот. По околу 15 минути Р.М. се вратил со една најлонска ќеса, со наркотична дрога марихуана која му ја предал на И.М. На регионалниот пат Арачиново-Куманово, во близина на село Никуштак, патничко моторно возило марка „Шкода Фабија“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.И. било сопрено од страна на полициски службеници од СВР Куманово, при што И.М. ја фрлил ќесата од возилото, што било забележано од страна на полицијата.
Пријавените се лишени од слобода и приведени во просториите на СВР Куманово. По претходно добиена усмена наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово, од страна на полициски службеници на СВР Куманово, извршени се претреси во домовите на пријавените, при што кај Д.П била пронајдена една дробилка со остатоци од непозната растителна материја која била одземена со потврда за привремено одземени предмети. Одземените предмети се доставени до ОКТ при МВР на РМ и по извршено вештачење е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 506,2 грама.
На лицата им е одреден притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Истрага за пронајдена марихуана во Тетово
-
Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме
-
НБ: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
-
Судски совет утре избира нов претседател
-
Во Тетово фатени двајца избегани од затвор
-
Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување
-
Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра
-
Скопје втор најзагаден град во Европа