Фатени ученици кои што носеле нож и електрошок во две средни училишта во Скопје
Денеска полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршиле службен разговор со 15-годишен ученик од скопско затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок.
Предметот бил одземен и ќе следува соодветен поднесок.
Вчера пак во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож. Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Онкологија доби нов директор - предизвици и проблеми еден куп
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија