-->
-->
Фатиме Фетаи со порака: Сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Катица Јанева и Заев
-->

Тимот на Специјалното обвинителство денеска одржа уште еден прес, со уште еден актерски перформанс на обвинителката Фатиме Фетаи, на кој само се потврди тоа што од стартот е повеќе од видливо, пристрасноста на Катица Јанева кон политиките на опозициската СДСМ и потребата по секоја цена, очајнички да се дискредитира владејачката структура во борбата да се преземе власта.
Денешните тврдења на СЈО, со кои се цитираа наводни вулгарни изјави од полицајците кои го апселе Бошковски, па дури и дека го удирале по нозе и му впериле пиштол во лице, се сосема спротивни на Записникот потпишан лично од Бошкоски, во кој стои дека нема видливи повреди и дека нема потреба од лекар и други забелешки.
Бошковски е обвинет за нелегално финансирање на предизборна кампања, при што ветувал промена на уставното име и идентитетот на Македонија. За овој случај, на интернет се појавија и снимки на кои Бошкоски зема пари за својата кампања. Бошкоски сам признава дека парите кои ги добива од посредникот ќе ги користи за организирање предизборни митинзи и рекламирање во медиумите. Тој е осуден според цврсти докази и СЈО веројатно тоа многу добро го знае.
Пораката која беше пратена од денешната прес-конференција на Катица Јанева преку Фетаи е дека сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Катица Јанева и Заев и воедно се поставува прашањето како ќе завршат сите оние кои ги бранат името и државата?
На снимките кои се појавија во февруари минатата година Бошкоски со извесно лице, грчки државјанин се пазари околу името и договара дека доколку добие пари и поддршка во кампањата, ќе глуми патриот и после ќе го реши. Соговорникот му пренесува дека грчката влада била воодушевена од него, а Бошкоски вели дека промена на името во Северна Македонија било оптимално решение и ќе го решел за два дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
