Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади

Фатмир Лимани денеска ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади од Фљакрон Беџети, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика кое со реорганизацијата на државата управа е преименувано во Министерство за социјална политика, демографија и млади. Од поранешното Министерство за труд и социјална политика, надлежностите за труд ги доби Министерството за економија.

Лимани во новата Влада влегува како кадар од Движењето Беса, кое е дел од коалицијата „Вреди“.
Фатмир Лимани е роден во Кичево на 14 јануари 1973 година, со моментално живеалиште во Општина Петровец, Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Универзитетот во Тетово, каде се стекнал со звање дипломиран професор по историја.Неговото работно искуство почнува во 2005 година, како управител на бензиската пумпа „Голден оил“ во Кичево, по што во 2007 година станува претседател на Движењето „НДРИШЕ“, како и член на Надзорниот одбор на АД „МЕПСО“. Во 2011 година, Лимани станува заменик генерален директор и член на Управниот одбор на АД „ЕСМ“, каде поминува десет години. Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево во 2021 година, додека во 2022 стана потпретседател на Движењето „Беса“. Во 2024 година добива мандат за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на Движењето „Беса“.

Во биографијата приложена до Собранието стои дека мајчин јазик на Лимани е албанскиот, додека има познавање од македонскиот, англискиот и германскиот јазик. Како што е наведено, тој поседува компјутерски вештини од „Microsoft Оffice - Word“, „Excel“, „Power Point“, „Internet Explorer“, „Windows“, „Outlook Express“ и други.
Ново на Сител
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
