ФБИ го отвори телефонот на еден од напаѓачите од Сан Бернардино

Американската Влада соопшти дека успеала да пристапи до податоците сочувани во шифрираниот ајфон, кој го користел еден од напаѓачите во нападот во Сан Бернардино и се откажа од барањето судот да го принуди Епл да ја разбие шифрата на уредот.
Владата инсистираше до минатата недела на тоа дека нема начин да пристапи до телефонот, кој го користел Ризван Фарук, освен да го принуди Епл да изработи софтвер, со кој би ја онеспособил заштитата на шифрата.
Министерството за правда доби минатиот месец судски налог, со кој му се наредува на Епл да изработи софтвер кој ќе го заобиколи елементот вграден во најновиот оперативен систем на ајфонот, кој ги брише складираните податоци по десет неуспешни обиди за впишување на шифрата, со што би им се овозможило на иследниците да се обидуваат со шифрите, додека не успеат да ја откријат вистинската.
Главниот директор на Епл, Тим Кок го отфрли ова барање, аргументирајќи дека Владата бара премногу и оти со тоа ќе се загрози безбедноста на секој корисник на ајфон.
Фарук со својата жена уби 14 лица во нападот во декември во Сан Бернардино во Калифорнија. Во нападот беа ранети 22 лица. Тој и неговата сопруга беа убиени во пукотници со полицијата по нападот.
Американското ФБИ објави минатата недела дека верува оти ќе може да го отклучи ајфонот без помошта на Епл.
Министерството за правда во понеделникот во пријава до судот нагласи дејка Владата повеќе не бара помош од Епл и побара од сојузната судијка во Риверсајд во Калифорнија да ја повлече наредбата со која Епл се принудува да помогне.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
