-->
-->
ФБИ ја откри причината на напаѓачот од Орландо
-->

Американски ФБИ соопшти дека напаѓачот кој уби 49 лица во геј бар во Орландо не бил поврзан со терористички групи, туку дека бил радикализиран на територијата на Соединетите Американски Држави.
Официјално лице од ФБИ изјави на конференцијата за новинарите дека напаѓачот Омар Матин го опишал својот напад на телефонскиот оператор како „намерен, смирен и забавен“.
Рон Хопер од федералното истражно биро на САД, за новинарите исто така изјави дека истрагата продолжува после објавувањето на транскриптите во кои Матин на полицискиот преговарач му рекол дека мора да сопре бомбардирањето во Сирија и Ирак.
Матин три пати се јавил во медицинската помош, дури и за време на изведувањето на масакрот.
29-годишниот напаѓач Омар Матин од Порт Луис на Флорида, отвори оган од автоматска пушка на 12-ти јуни во ноќен геј бар во Орландо - Флорида при што уби 49 лица, а 53 рани, пред да биде застрелан од полицијата. Матин со тоа го изведе најсмртоносниот индивидуален вооружен напад во историјата на САД.
После нападот на Матин, Белата куќа и ФБИ соопштија дека напаѓачот - американски државјанин со авганистанско потекло, веројатно бил „домашен екстремист“, кој добивал поддршка од разни исламистички радикални организации на интернетот. Мотивот за нападот и натаму се истражува.
Инаку, веднаш по изведувањето на нападот, се појавија сомнежи дека Матин бил член на Исламската држава, а набрзо потоа се огласија и од Исламската држава кои што се пофалија дека нивниот член убил 49 Американци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
