-->
-->
ФБИ на аеродромот во Њујорк привела пратеничка во Думата
-->

Пратеничката во руската Дума, Инга Јумашева, била приведен на аеродром во Њујорк заради сослушување, соопшти амбасадорот на Русија во САД. Таа била приведена од службеници на ФБИ по што руската Амбасада испрати протестно писмо до Стејт департментот.
Руските медиуми јавуваат дека Јумашева отпатувала во САД за да учествува на форумот „Дијалог Форт Рос“ кој се одржува денеска и оти припадник на ФБИ ја сослушувал еден час.
Според руската дипломатска мисија, на Јумашева и биле поставувани „целосно нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања“.
Претходно дел од руската делегација, која требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН, не доби американски визи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
-

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
