ФБИ одлучи да не покренува обвиненија против Бред Пит

Федералното истражувачко биро на САД (ФБИ) одлучи да не покренува обвиненија против холивудскиот актер Бред Пит поради наводно семејно насилство, односно скандал којшто наводно се случил на приватниот авион, пренесува ТАСС.
ФБИ сношти излезе со соопштение дека по првичната истрага, е решено таа да се прекине. Според извори запознаени со обвиненијата, тие се однесуваат на поведението на Бред Пит кон неговиот 15-годишен посинок Медокс за време на рекреативен лет во септември. Неколку дена подоцна, Анџелина Џоли поднесе документи за развод.
Нејзиниот адвокат изјави за јавноста дека таа тоа го прави „во име на семејството“. Портпаролот на Пит одби да одговори на таквите коментари.
Старателството за шесте деца на двојката е главното прашање во бракоразводната парница.
Џоли бара целосно старателство, а нејзиниот поранешен сопруг - заедничко старателство. Процесот се води во суд во Калифорнија.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
