ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи поврзани со случајот на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн.
Министерството наведе дека ќе бидат потребни неколку недели новите документи за се обработат и потоа ќе бидат објавени.
Министерството за правда соопшти дека ги доби документите од Канцеларијата на државниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк и од ФБИ за да ги разгледа пред да бидат објавени во согласност со Законот за транспарентност за документите на Епштајн, постојните статути и судските наредби.
Канцеларијата на државниот обвинител за Јужниот округ Њујорк водеше истрага и подигна обвинение против Епштајн во 2019 година, а во 2021 година успешно ја процесира и неговата соработничка и партнерка Гилејн Максвел, која е осудена за трговија на луѓе со цел сексуално искористување.
Министерство за правда пред два дена објави досега најголем пакет документи за Епштајн, тежок 10 гигабајти со 11.000 датотеки, меѓу кои има и 400 видеоснимки, аудиоснимки и истражни материјали.
Досиејата треба да откријат со кои моќни луѓе Епштајн се дружел пред да биде осуден во 2008 година за наведување малолетничка во проституција. Како и детали за неговото самоубиство во 2019 година во затворот во Менхетн откако беше уапсен за сексуални злосторства.
Епштајн во 2008 година постигна спогодба со обвинителите откако родителите на 14-годишно девојче пријавиле во полицијата во Флорида дека тој ја злоупотребил нивната ќерка во неговата вила во Палм Бич. Потоа беше осуден за подведување малолетник, регистриран како сексуален престапник, и благодарение на спогодба за признавање на вина, избегна построга затворска казна.
Единаесет години подоцна, тој беше обвинет за водење мрежа од малолетни девојки за обезбедување сексуални услуги. Почина во затвор чекајќи судење, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
