-->
-->
Фејсбук акција за помош на 12-годишен вљубеник во читањето
-->
Метју Флорес (12) многу сака да чита, но не можел да си дозволи да оди во библиотека затоа што немал пари да купи автобуски билет до центарот на градот.
За да ја задоволи страста кон читањето, Метју се снаоѓал како знае и умее, па често на улица читал флаери што луѓето ги фрлале.
Сцената ја видел локалниот поштар Рон Линч, кој по разговорот со момчето, решил да преземе нешто и да му помогне.
Линч на неговиот профил на Фејсбук објавил статус во кој ги замолува своите пријатели ако имаат да донираат книги за Метју.
Приказната набрзо станала вистински интернет хит и досега на адресата на 12-годшното момче пристигнале повеќе стотици книги, а тие и натаму продолжуваат да стигнуваат.
- Јас сум само едноставно пресреќен, изјави Метју.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Река“ кај Бит Пазар | ВИДЕО
-
Падната ограда од надвозник врз автомобили во Автокоманда
-
Поплавени 50тина куќи, пожарникарите бараат исклучување на струјата во Тетово
-
ЦУК: Над 200 пријави за оштетени возила на автопатот Скопје - Тетово
-
Невремето во Скопје предизвика прекин на електричната енергија во Собранието
-
Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повтори основните заложби на новата влада, СДСМ изрази сомнеж дека ветеното ќе се реализира
-
Продолжи собраниската седница за избор на новата влада