Фејсбук го блокира профилот на девојка со име ИСИС
Социјалната мрежа Фејсбук го деактивира профилот на девојка кој се вика е Исис Анчале.
Веројатна причина за ваквата одлуака е тоа што нејзиното име е идентично со англиската кратенка за називот на џихадистичката група Исламска држава - ИСИС.
- Фејсбук мисли дека сум терорист. Очигледно тоа што им испратив копии од пасошот, не беше доволно за повторно да го активираат профилт, напиша на Твитер Анчале, која работи како компјутерски инженер во Сан Франциско.
Таа посочува дека единствена причина за блокирање на профилот е нејзиното име.
Исис Анчале, сепак, не се откажа така лесмо, па кога Фејсбук не реагираше на нејзиниот прв допис со копијата од пасошот, таа продолжи да им испраќа пораки. На крајот од Фејсбук сфатија дека таа ја зборува вистината, па профилот повторно и беше активиран, објави „Телеграф“.
Фејсбук од неодамна има правило, според кое, можете да се пријавите смао под вистинското име, што предизвика голем број полемики. Кога социјалната мрежа ќе се посомнева дека некој профил не носи име на вистинската личност, го блокира и бара докази со лични документи кои ќе потврдуваат дека станува збор за вистинското име на лицето што го користи профилот.
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО