-->
-->
Фејсбук избриша 1,5 милиони снимки од нападите врз двете џамии на Нов Зеланд
-->

Компанијата Фејсбук во првите 24 часа по нападот врз двете џамии на Нов Зеланд отстранила 1,5 милиони снимки од тој грозоморен чин.
– Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиона се блокирани во текот на нивното поставување, соопшти Фејсбук.
Компанијата нагласи и дека ги брише сите направени верзии од снимките кои не ја прикажуваат графичката содржина од почит кон луѓето погодени во нападот врз џамиите.
Напаѓачот на џамиите 17 минути во живо ги емитувал снимките од нападите преку Фејсбук, користејќи апликација направена за ентузијасти на екстремни спортови, а копиите неколку часа подоцна биле споделувани преку социјалните мрежи.
Во терористичкиот напад врз џамиите загинаа 50 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Клучни преговори САД–Иран во Исламабад
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
