Фејсбук: Лажните вести од Русија дошле до 126 милиони Американци

Речиси 126 милиони Американци, или околу една третина од жителите на САД, за време на изборната кампања во 2016 година на Фејсбук добивале содржини поддржани од Русија, стои во извештајот на Фејсбук.
Социјалната мрежа објави дека околу 80.000 објави од лажни руски сајтови директно дошле до 29 милиони Американци. Објавите најверојатно ги виделе многу повеќе луѓе, бидејќи „луѓето ги споделувале вестите“ и „лајкнувале“, па така, постои можност бројот на луѓе кои ги виделе содржините да е три пати поголем".
Изјавата на главниот советник на Фејсбук, Колин Стреч, е објавена пред сослушувањето, а е доставена до Одборот за правда. Извештајот го поднесоа Фејсбук, Гугл и Твитер. Слушањето е дел од конгресната истрага за руското користење на овие платформи за да влијае на изборите во САД.
Објавите на веб страниците поддржани од Русија, според проценките на Фејсбук, од јануари 2015 до август 2017 година, стигнале до половина од 250 милиони Американци кои можат да гласаат. Во 80.000 објави не се вклучени 3.000 Фејсбук реклами купени од ентитети од Русија.
Стреч во подготвена изјава објасни колку влијание можеле да имаат руските објави врз одлуката на гласачите.
- Според нашата најдобра проценка, околу 126 милиони луѓе веројатно виделе најмалку една објава во период од две години, се вели во изјавата. Тоа е околу 0,0004 проценти од содржините на „Њуз фид“ (News Feed), или една од 23.000 објави.
Ново на Сител
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
-

Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга
-

Николоски: Сите треба да учествуваат во проектот „Безбеден град“, се надевам да се изгласаат законите
-

Дарко Митровиќ го фати светиот крст во осветените води на реката Вардар во Скопје
-

Средношколецот Кристијан го фати светиот крст во реката Луда Мара и посака здравје за сите
-

ЕХФ ЕУРО2026: Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација
-

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово
