-->
-->
Фелер: Невакцинирани фудбалери не смеат на терен?!
-->
Германската фудбалска легенда, Руди Фелер ги осуди невакцинираните фудбалери и смета дека тие мора да ги сносат последиците, по случајот во Баерн Минхен со Џошуа Кимих и уште неколку фудбалери.
Фелер, кој беше дел од германскиот тим кој ја освои титулата во 1990, а во 2002 година стигна до финалето како селектор, во моментов е спортски директор на Баер Леверкузен, но имаше коментар за случките во ривалите од Баерн.
Кимих мораше да пропушти два меча поради тоа што беше во изолација поради контакт со заразени со КОВИД-19 додека одбива да се вакцинира, по што се тврди дека ќе ја загуби платата за времето во изолација. Шефовите на Баерн се заканија и на невакцинираните Серж Гнабри, Џамал Мусијала, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Мишел Кузанс дека и нив ги следува иста казна. Фелер смета дека овие фудбалери се непристојни.
„И кај нас имавме проблем бидејќи сите не беа ентузијасти за вакцинирањето и не беше лесно да се убедат. И ние имавме двајца, тројца, кои сметаа поинаку едно време, но сега сите во тимот имаат две дози вакцина. Ако не постои медицинска причина, тогаш мора да се вакцинираат. Кога не го прават тоа, тогаш се непристојни и морат да ги сносат последиците, не само за фудбалот, туку и во обичниот живот“, изјави Фелер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина