Кошарка
19. May 2017 - 22:47

Фенербахче и Олимпијакос во финалето на Евролигата

Екипите на Фенербахче и Олимпијакос ќе се борат за шампионскиот трофеј во кошаркарската Евролига. 

Ова е исходот по полуиналните натпревраи од завршниот Ф4 турнир кој се одржува во Истанбул. 
 
Во првиот Олимпијакос во неизвесна завршница го совлада бранителот на трофејот ЦСКА Москва со 82:78, додека Фенербахче беше убедливи против мадридски Реал со 84:75. 
 
Така в недела од 20 часот турската екипа ќе атакува на првиот шампионски трофеј, додека Олимпијакос ќе се обиде да ја освои четвртата титула. 
 
средбата за 3.место ЦСКА - Реал ќе се игра во терминот од 17 часот.