Фениксите "одлетаа" кон Европа
Младите кошаркари на скопскиот клуб Феникс 2010, отпатуваа за Будимпешта каде од четврток до сабота ќе настапат на првиот турнир од Централната дивизија на Европската младинска лига (ЦЕ – ЕИБЛ).
Генерацијата на играчи родени 2001-ва година, кои пред две сезони стигнаа до Супер-финалето односно беа меѓу осумте најдобри во Европа и овој пат се надеваат дека може да го повторат, но и надминат тој успех.
Задачата ни малку нема да биде лесна бидејќи во секоја нова сезона, конкуренцијата е се посилна. На првиот од двата турнири, „фениксовци“ ќе се надигруваат со врсниците од Унгарија, односно домаќинот Маџари Тајгерс, финскиот тим МуКи Хелсинки, екипата на Лондон Јунајтед и чешкиот тим УСК Прага.
Покрај овие четири тима, противници на „Феникс“ на вториот турнир закажан за почетокот на март, ќе бидат уште четири екипи, а од деветте само двете најдобро рангирани ќе обезбедат место во суперфиналето.
Покрај оваа генерација на „Феникс“, во истиот период, но во градот Пакс ќе игра и селекцијата У-15 односно генерацијата на играчи родени 2003-та, кои ќе настапат на својот втор турнир сезонава.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите