Ферстапен останува во Ред Бул
Макс Ферстапен го продолжи договорот со тимот на Ред бул, со што ќе остане во австрискиот тим барем до крајот на 2020 година. За Ред бул ова е фантастична можност да го осигураат талентираниот 20-годишен Холанѓанец, кој направи бу“ со своето храбро возење и желбата за трки.
Ферстапен дојде во Ред бул по четири трки во сезоната 2016 година добивајќи унапредување од јуниорскиот тим Торо росо. Откако дојде во тимот, синот на поранешниот тркач Јос Ферстапен, оствари две победи – во првата трка во Шпанија во 2016 и оваа година во Малезија. Претходниот договор на Ферстапен траеше до крајот на 2018, а постоеја шпекулации дека Ферари и Мерцедес чекаат шанса да го грабнат.
„Ред бул постојано покажуваа доверба во моите квалитети, уште кога ме поканија да бидам дел од младинската програма на 16 години. Тие ми ги дадоа првиот старт во Формула 1 на 17 години и шансата да се тркам за Ред бул рејсинг. Тие ја делат мојата амбиција за победи и освојување светски титули и момците секогаш даваат 100 отсто во гаражата и во фабриката. Исто така, имавме и забавни денови заедно“, изјави Ферстапен.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите