Македонија
18. December 2016 - 14:10

Фестивалот „Браќа Манаки“ во влијателното списание „British cinematographer“

Менаџерскиот тим на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ соопшти дека во најновиот број на влијателното списание „British cinematographer“ е објавен посебен прилог посветен на Фестивалот на филмската камера што се одржува во Македонија. 

Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека публикуван е текст во кој новоизбраниот претседател на Меѓународната федерација на кинематографери Рене Рестад со пофални зборови говори за организацијата на фестивалот во Битола, како и за организацијата на Конгресот на ИМАГО што се одржа во овој град. 

- Македонското друштвото на филмски професионалци, како домаќин на ИМАГО, ни овозможи и пријатен престој и ефикасни средби. Македонија, градот Битола и филмскиот фестивал „Манаки“ е место со топло срце и одлично организиран фестивал и членовите на ИМАГО ќе го имаат тоа на ум и ќе го промовираат, пишува Рестад, претседател на ИМАГО.