Македонија
6. November 2024 - 19:44

Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи

Со партизирана, пренатрупана и неефикасна јавна администрација реформите и системските решенија се неопходни за излез од лошата состојба, оценува вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Според него реформите ќе значат и зајакнување на борбата против корупцијата на пониско ниво, а ќе се зајакнат и услугите коишто се нудат на граѓаните.

Бркање од работа нема да има, таму каде што ќе има превработеност административците ќе се распределат по сите министерства.

Едно од решенијата го гледа преку Законот за правична застапеност за кој течат консултации во владината коалиција. Фетаи вели дека како ВРЕДИ ќе инсистираат со отворање на Уставот формулацијата од 20% за етничките заедници трајно да биде регилирана. 

Во организација на Институтот за европска политика експерти и граѓански организации од регионот на состанок за реформа во јавната администрација побараа промените да се третираат како важно прашање, а не да се гледаат одстрана.

Од владата велат дека реорганизацијата на администрацијата останува високо на листата на приоритети на кои ќе работи Владата.