Фетаи: Очекувам посилно темпо во борбата за правда и против криминал
Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи, од денеска и официјално виш јавен обвинител во Скопје, го оцени како позитивен чекор во насока на зголемување на потенцијалот, а со тоа и на ефикасноста во борба против корупцијата и криминалот изборот на петмина јавни обвинители во Вишото ЈО – Скопје и ист толкав број на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈОГОК).
По дадената заклетва во Советот на јавни обвинители, обвинителката Фетаи рече дека исто така позитивен чекор е воведувањето на почетни елементи на транспарентност во процесот на избор и унапредување на јавните обвинители во Вишото ЈО – Скопје, каде што таа е избрана заедно со другите колеги.
– Очекувам борбата за првада, борба против криминал да продолжи со уште посилно темпо. Меѓутоа сега од една друга поинаква, повисока позиција. Во согласност со потребите на соодветните потреби на јавните обвинителства во државата очекувам и посакувам во најскоро време да бидат избрани и останатите колеги од поранешното СЈО, меѓутоа и други колеги обвинители од другите обвинителства во државата кој со своето работење се докажани како врвни професионалци, изјави Фетаи.
Свечената заклетва на новите избрани јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева, следеше од како во минатата недела истите беа избрани со мнозинстов гласови во седница на Советот на јавни обвинители.
Воедно свечени изјави денеска дадоа и јавните обвинители Лиле Стефанова, Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ, кој и од денеска се дел од проширениот тим на ОЈОГОК, предводен од јавната обвинителка Вилма Рускоска.
Ново на Сител
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
-
Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Судијка и сопружници сопственици на ланец аптеки обвинети за фалсификување документи и имотна измама
-
Министерката Димитриеска - Кочоска на Форумот „Инвисо“ во Виена
-
Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции