-->
-->
ФФМ донираше опрема за женските екипи во Првата и младинските лиги
-->
Фудбалската федерација на Македонија им донираше спортска опрема и фудбалски топки од германскиот производител – „ЈАКО“, на екипите од Првата женска лига. Во соработка со ФИФА, ФФМ за новоформираните младински екипи во повеќе категории во женскиот фудбал обезбеди донација од дресови, шорцеви, чорапи, копачки, фудбалски топки – „АДИДАС“.
Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на десет екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.
- Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои имаат намера да придонесуваат за развој на женскиот фудбал во Македонија. Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалната кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност и до ФИФА за поддршката која тие ја дадоа - истакна генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк