ФХ3Х дел од Марвеловиот „Fantastic Four“

Македонската компанија за анимација и постпродукција е дел од проектот на најновиот Марвелов филм „Fantastic Four“, во соработка со MPC Tehnicolor.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х за оваа соработка изјави дека на овој проект беше ангажирана група од 20 артисти, кои во периодот од јануари и февруари годинава работеа на 94 кадри.
- Филмот е модерна преработка на оригиналната приказна на најстариот Марвелов суперхеројски тим, и ова е веќе десетти Марвелов проект во кој сме вклучени. Пристапот кон модернизирањето е одличен, приказната е земена од The Ultimates, што за фановите значи свежа приказна, помлад тим и поатрактивна динамика. Овој пат во однос на ефектите во филмот, можеме да кажеме дека ликот на The Thing е целосно компјутерски изведен по пат на motion capture технологија, и само очите на актерот се оние кои не се компјутерски обработени, изјави Даниловски.
Според сценариото, четворица млади астронаути се телепортираат во далечен универзум и нивната физичка човечка форма се менува заради радијацијата со што добиваат натприродни способности. Четворицата мора да ги прифатат своите нови способности и да соработуваат како тим за да ја спасат планетата Земја од поранешен пријател кој е всушност непријател.
Филмот нуди една многу поинаква верзија на првото семејство на Марвел кое го видовме во 2005, овојпат со интересен и атрактивен осврт на алтернативните димензии, телепортацијата, црните дупки и невидливоста.
Др. Мичио Каку (Dr. Michio Kaku), теоретски физичар, на кого ликовите од „Фантастичната Четворка“ му биле омилените суперхерои во детството, тврди дека некои од теориите за алтернативни димензии и не се толку далечни како што изгледаат. Според него, науката и фантазијата не се многу далеку една од друга.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
