Бизнис
27. July 2015 - 9:42

Фиат-Крајслер подготвува најголемо повлекување возила во САД

Фиат-Крајслер ќе откупи од сопствениците 300.000 камионети од моделот Рам, што е најголема акција на повлекување возила од сообраќај во историјата на САД, јавуваат американски медиуми.

Тоа е дел од потенцијално скап договор на компанијата со Управата за безбедност во сообраќајот за да се реши правен проблем што се појави по повик до сопственици на 20-на камионети да ги донесат на вонредна поправка.

Дел од тие возила имаат непоправен дефект повеќе од две години кој се наоѓа во системот за управување. Рам по продажба е во врвот меѓу сите возила што ги произведува Фиат-Крајслер, се вели во документи на Управата за безбедност во сообраќајот.

Американски медиуми се повикуваат на извори кои укажуваат дека откупот на неисправни камионети од сопствениците е дел од договор на властите со производителот во кој е поместена казна од 105 милиони долари и поставување независен надзорник за повлекување на тие возила од сообраќај.