-->
-->
ФИФА: Многу кандидати за „Балон Д'ор“
-->

Стручната комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА), составена од фудбалски легенди, го скрати списокот на играчи кои конкурираат за престижната награда „Златна топка“.
Прелиминарниот списокот на кој имаше 59 имиња, фудбалските легенди кои ја сочинуваат стручната комисија го скратија на 23 имиња. Најмногу фудбалери (шест) на оваа листа има актуелниот шпански и европски првак Барселона, а со по пет играчи партиципираат Реал и Баерн Минхен.
„Златната топка“ за 2014 година ја освои Кристијано Роналдо, но според обложувалниците тој има мали шанси да ја одбрани титулата најдобар на светот. Фаворит оваа сеозна за добивање на престижната награда е Лионел Меси.
За кандидатите од 26.октомври до 20.ноември ќе гласаат селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите, а имињата на најдобрите тројца ќе бидат објавени на 30.декември. „Златната топка“ ќе биде доделена на 11.јануари наредната година.
Кандидати за наградата „Златна топка“:
Серхио Агуеро (Аргентина/Ман.Сити), Герет Бејл (Велс/Реал), Карим Бензема (Франција/Реал), Кристијано Роналдо (Португалија/Реал), Кевин Де Брујне (Белгија (Волфсбург/Ман.Сити), Еден Азар (Белгија/Челзи), Златан Ибрахимовиќ (Шведска/ПСЖ), Андрес Иниеста (Шпанија/Барселона), Тони Крос (Германија/Реал), Роберт Левандовски (Полска/Баерн), Хавиер Маскерано (Аргентина/Барселона), Лионел Меси (Аргентина/Барселона), Томас Милер (Германија/Баерн), Мануел Нојер (Германија/Баерн), Нејмар (Бразил/Барселона), Пол Погба (Франција/Јувентус), Иван Ракитиќ (Хрватска/Барселона), Ариен Робен (Холандија/Баерн), Џејмс Родригез (Колумбија/Реал), Алексис Санчез (Чиле/Арсенал), Луис Суарез (Уругвај/Барселона), Јаја Туре (Брег на Слонова коска/Ман.Сити), Артуро Видал (Чиле/Баерн).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
