Фудбал
8. January 2016 - 10:03

ФИФА: Платини ја повлече кандидатурата

Суспендираниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, соопшти дека ја повлекува кандидатурата за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
 
Платини неодамна заедно со актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, доби осумгодишна суспензија. Тој најави дека ќе се бори против таа одлука, но во меѓувреме му стана јасно дека нема шанси во претседателската трка.
 
„Се повлекувам од трката за претседател на ФИФА. Немам исти услови како останатите кандидати. Поради тоа можам да кажам-збогум ФИФА, збогум на претседателското место“, изјавил Платини за Associated Press.
 
Претседателските избори во ФИФА ќе се одржат на 26.февруари, а кандидати се принцот Али бин Хусеин, шеикот Саламан Бин Ибрахим АЛ Калифа, Жером Шампањ, Токио Сексвале и Џани Инфантино.