ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство
Навивачи од над 130 земји купија речиси 1,5 милиони билети за Светското клупско првенство кое од минатиот викенд се одржува во повеќе американски градови, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Повеќе од 60.000 навивачи се собраа на отворањето на Светското првенство на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во саботата за натпреварот помеѓу Интер предводен од Лионел Меси и Ал Ахли, додека средбата меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид на „Роуз Боул“ ја следеа 80.000 гледачи.
„Токму затоа е создадено Светското клупско првенство на ФИФА. Сцена од светска класа каде што се раскажуваат нови приказни, се појавуваат нови херои, а навивачите на клупскиот фудбал се чувствуваат како дел од нешто поголемо“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
И покрај ова, некои натпревари беа исклучително слабо посетени.
Дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Флуминенсе, кој се одигра во вторникот напладне по локално време, се играше пред полупразниот стадион „МетЛајф“ во Њу Џерси, а слаба посетеност имаше и на натпреварот Челзи-Лос Анџелес, кој провлече околу 20.000 гледачи на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, со капацитет од 71.000 седишта.
Најмала посетеност донесе натпреварот помеѓу корејскиот Улсан и јужноафриканскиот Мамелоди, на кој во Орландо присуствуваа 3.400 гледачи.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј