-->
-->
ФИФА: „Рисовите“ скокнаа две места
-->
Светската фудбалска организација (ФИФА) во четвртокот ја објави најновата ранг листа, на којашто македонската репрезентација напредуваше за две позиции и сега се наоѓа на 139-то место.
И покрај незначителниот напредок Македонија се наоѓа во долниот дел на листата на која има вкупно 209 репрезентации.
На листата, пред македонската репрезентација, повторно има селекции кои не можат да се пофалат со некоја богата фудбалска традиција. Така, пред Македонија се Азербејџан, Грузија, Танзанија, Намибија, Туркменистан, Виетнам, Бахреин, Гвајана, Кенија, Судан...
Доколку се направи споредба со европските селекции, членки на УЕФА без Косово кое сѐ уште не фигурира на листата на ФИФА, зад македонската репрезентација се наоѓаат само шест селекции: Луксембург (146), Молдавија (159), Малта (166), Лихтенштајн (168), Сан Марино (200) и Андора (202).
Македонија во септември ќе го започне квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија, а од противниците во групата само Лихтенштајн има полош рејтинг, останатите се далеку пред „црвено-жолтите“: Шпанија (6), Италија (12), Албанија (42), Израел (71).
Мали измени има и меѓу првите десет во светот, Австрија е десетта, оваа селекција првпат се наоѓа во Топ 10, од каде испадна Англија. На врвот е Аргентина пред Белгија и Колумбија и Германија напредуваа за една позиција, петта е селекцијата на Чиле која назадуваше за две позиции. Шпанија, Бразил, Португалија и Уругвај ги задржаа своите позиции од шестото до деветтото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
-
Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
-
Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор