„Фигаро“: Нема докази дека напаѓачот од Ница е поврзан со ИД
Француската полицијата се уште нема пронајдено никакви докази за тоа дека напаѓачот од Ница и изразил верност на групата Исламска држава (ИД), што вообичаено го прават терористите пред да загинат како "маченици", објави париски „Фигаро“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, весникот, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, наведува декла не е исклучено „наредбата“ на ИД всушност да дошла преку џихадистичките пропагандни пораки, како што се оние на портпаролот на Ал Аданани.
Новинарот Дејвид Томсон, кој е експерт за терористичките организации и посебно за ИД, објаснува дека нема „правила“ за времето во кое групата презема одговорност за напади.
- Тоа зависи од брзината со која терористите се способни да разменат информации со Исламската држава. Бидејќи од овие информации организацијата ги прави своите соопштренија, вели Томсон.
Криминологот Ален Бауер во изјава за „Фигаро“ вели дека ИД „во принцип не ги узурпира нападите“, кои се инспирани од нејзините активности.
- Тоа би било премногу опасно за нејзиниот кредибилитет и може да се користи од страна на конкурентската Ал Каеда на нејзина штета, вели исламологот Матјо Гидер.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие