Свет
14. March 2017 - 17:26

Фијон обвинет за скандалот со фиктивните вработувања

Десничарскиот претседателски кандидат на изборите во Франција, Франсоа Фијон е обвинет за повеќе прекршоци поврзани со скандалот за фиктивни вработувања, вклучително и злоупотреба на јавните средства, соопшти денеска неговиот адвокат.

- Фијон е обвинет утрово. Сослушувањето е пролонгирано за да се одржи во мирен манир, истакна адвокатот на Фијон, Антонин Леви.

Тој додаде дека Фијон е обвинет и за злоупотреба на корпоративните средства.