Македонија
20. March 2025 - 10:16

Филип излегол меѓу првите но се вратил да бара другарка по што не се вратил, сведочи неговиот татко

Тој бил меѓу првите кои успеале да излезат од дискотеката без поголеми повреди, но одлучил да се врати назад во огнот и димот за да ѝ помогне на другарка која ја немало. По неговото враќање, Филип повеќе не излегол.

„Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните.

Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе.

Последното испраќање со Филипче ќе биде  четврток 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“, вели неговиот татко.