Филипче: Грција од првaта пратка на Ковид вакцини, дел ќе одвои и за нас
Министерството за здравство преговара по три механзими да набави по 800 000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во Дневникот на Сител.
-Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот минисер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти вклучувајќи го и Ковакс механизмот којшто ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори на останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас - рече Филипче.
Минатата недела го плативме авасот за вакцината против Ковид 19, со што обезбедивме банкарска гаранција дека ќе ја исплатиме целата сума за набавка на 833.000 вакцини, за околу 400 000 граѓани. Освен оваа набака преку Ковакс механизмот, остварен е и директоен контакт со Фајзер и Астра Зенека. Третиот механизам е преку Европската Унија, таа нарача 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплицираме за 800.000 дози и од овие 100 милиони дози.
Вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани.
Ново на Сител
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово