-->
-->
Филипче ја објасни изјавата на Заев зошто не се нарачуваат вакцини
-->
Министерот за здравство Венко Филипче ја објасни изјавата на премиерот Заев за набавката на вакцини.
Појасни дека не се набавуваат повеќе вакцини бидејќи се појавуваат нови соеви, како што се британскиот, норвешкиот и финскиот што би можеле да влијаат на ефикасноста на вакцините. Според него, поради новите соеви може да дојде до промена на вакцините поради нивната структура, а со тоа и да се чекаат нови пратки.
Вчера претставници на Министерството за здравство имале состанок со производителите на руската Спутник V, но не откри дали е договорена набавка.
Заев вчера рече дека спутникови вакцини не се набавуваат бидејќи се нарачани доволен број на вакцини.
- На крајот може да се доведете да имате 3 милиони вакцини за 1 милион граѓани, или 2 милиони потребни вакцини, рече вчера Заев.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден