Филипче: Лица помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „АстраЗенека“
Македонија ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „АстраЗенека“, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.
– Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека’ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани на возраст над 77 години, рече Филипче.
Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на „АстраЗенека“ по одлуките на Канада и на Германија.
– Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори, додаде Филипче.
Тој потести дека утре почнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови, нагласувајќи дема се проценува оти може дневно да се вакцинираат седум до 10 илјади граѓани на територијата на целата држава.
Тој нагласи дека за утре на првиот ден на вакцинацијата се повикани поврзасните граѓани, посочувајќи дека вчера кога биле отворија термините, тие биле речиси пополнети.
Филипче додаде дека се очекува веќе од следната недела да почне и масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“, која е во фаза на подготовка.
– Очекувам салата „Борис Трајковски“да биде спремна до крајот на неделава и веќе од следната да почне и таму масовната имунизација, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести