Македонија
10. јуни 2020 - 11:58

Филипче: Малиот јунак Онур го испративме дома, биди среќен и продолжи да се смееш

Министерот за здравство Венко Филипче на официјалниот Фејсбук профил објави видео од малиот јунак Онур, кој ја доби битката со карциномот.

-Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот, стои во објавата на Филипче.