Филипче: Маската штити од Ковид-19, настинки и од аеро загадувањето
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на телевизија Сител објасни дека поради неколку работи се препорачува заштитна маска на отворено. Тој изјави дека кога се спортува маска не треба да се носи, но на отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт - во овој случај маската штити од трансмисија на вирусот.
„Заштитната маска, штити сега и во ладното време кога треба секој да внимава на своето здравје заради тоа што сакаме да ги заштитиме болниците дури и од пациенти коишто би дошле на преглед и за обични настинки. Штити од загадувањето, има докази и публикации каде што ПМ 10 честичките помагаат да вирусот патува подолго од вообичаените 1-1,5 метри нормално со флигиовите капки при близок респираторен контакт и тоа е нешто што исто така штити од трансмисија на вирусот. Значи ова не е случајно препорачано, не се случајно избрани ниту исклучоците кога се спортува секако на дистанца, кога човек е сам во моторно возило или се членови на неговото семејство. Значи тоа се мерки кои се имплементираат во цела Европа“, потенцираше Филипче.
Филипче истакна дека граѓаните треба да се свесни, да ги почитуваат мерките затоа што така го штитат и сопственото здравје и здравјето на луѓето околу нив. Доколку се спортува и имате забрзано дишете тогаш маската го отежнува дишењето, но при обична прошетка кога има можност при влегување во некоја група на луѓе, сретнување со луѓе добро е и препорачано е маската да се носи.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени