Филипче на работен состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центрите на интерните клиники
Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево се сретна со д-р Александар Трајановски директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот Мајка Тереза.
Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.
Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.
Ново на Сител
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“