Филипче: Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори

Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска гласаше на локалните избори.
„Ви благодарам на сите за присуството, очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма. Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат“, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
